БИТОЛА ДОБИ СПОМЕНИК НА ЗАГИНАТИТЕ ИТАЛИЈАНСКИ ВОЈНИЦИ ОД ПРВАТА СВЕТСКА ВОЈНА

БИТОЛА ДОБИ СПОМЕНИК НА ЗАГИНАТИТЕ ИТАЛИЈАНСКИ ВОЈНИЦИ ОД ПРВАТА СВЕТСКА ВОЈНА

Во Градскиот парк во Битола, свечено беше инаугуриран новиот споменик посветен на италијанските војници кои за време на Првата светска војна се бореле на Македонскиот Фронт.

На свеченоста присуствуваа градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска, претставнци на Советот на Општина Битола, амбасадорот на Италија во земјава Карло Ромео, военото аташе на Република Италија полковникот Џузепе Монталто, претставници од АРМ и италијанската армија, како и членови на дипломатскиот кор во земјава.

Амбасадата на Италија лоцирана во Скопје во соработка со Општина Битола, во соработка со Министерството за одбрана и Министерството за култура подготвија спомен-плоча, поставена во градскиот парк.

Од 1916 година до 1918 година, за време на борбите во Првата светска војна италијанскиот контингент на оваа територија достигнал околу 50 илјади војници. Спомен обележјето е посветено на околу 8000 италијански жртви во таа војна.