Промоција на филмот Битолска рок сцена
На Широк Сокак во Хауз Бар, во реализација на Агим Џело пред љубителите на рок музиката се прукажа филмот Битолска рок сцена.
Преку филмот, авторот кажува за младите битолски музичари што се занимаваат со рок музика и видувањата за состојбата на битолската рок сцена, како тие ја доживуваат и кои се предностите во споредба со македонската рок сцена.
Соговорници во целиот настан беа членовите на групите: Кактус, Паркети, Говермент, Ерупшн и Санк.
Автор на филмот е Агим Џело, долгогодишен водител на емисијата Металманија.
Настанот се реализира во рамките на БИТ ФЕСТ 2015.