Во рамките на БИТ ФЕСТ 2015, изворните чалгиски звуци повторно во Магазата, која беше претесна за сите заинтересирани.
Почетоците на оркестарот, во кој членуваат Марјан Бакриевски (кларинет/кавал), Игор Милевски (виолина), Стевче Василевски (тамбура/гитара), Пеце Јуруковски (саз/ут/ џумбуш), Никола Наумовски ( тарабука/деф) и Зоран беговски (вокал/деф) датираат од 1998год.
Репертоарот на „Дамари“ е составен од педесетина песни и ора, бисери на македонското изворно чалгиско творештво.