Прекрасната, Марија од Буенос Аирес, ги освои срцата на битолската публика
Во битолскиот центар за култура премиерно беше изведена една од најдобрите светски -танго опери „Марија од Буенос Аирес“, од аргентинскиот композитор Астор Пјацола.
Приказната за една жена, во која доминираат љубовта, страста и страста кон смртта, на општеството кое ја осудува, Марија им ја покажува невидливата човечка страст за прошка, преку новиот живот кој го носи во својата утроба.
Музичките сегменти на аргетински танц, публиката имаше чест да ги слушне од инструментите на Камерниот битолски оркестар.
Операта беше во режија на Благојче Божиновски, сценографија на Валентин Светозаревски, и костими на Благој Мицевски.
