Во Кафе „Радост“ се одржа фестивал со музичко – литературни уметнички аспекти, во организација на Фондацијата ТАКЕЦ – Гордана и пријателите, насловен „Ако одам во Битола“ На перформансот учествуваа: поети, писатели, сценаристи и уметници. На манифестацијата, фондацијата додели повеќе признанија на повеќе лица од Битола, кои во изминатата една година, реализираа повеќе значајни активности во областа на културата.
