Во рамките на настанот „Книга под ведро небо“ кој е дел од програмата на БИТФЕСТ 2017 година и ќе трае до 31.07, Националната установа Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ – Битола, на плоштадот „Магнолија“ организираше дружење со Кловнот Заги кој ќе присутните ги воведе во лавиринтот на македонскиот пишан збор, на малку поинаков начин.Со читање и духовита мотиватиција ја доближи книгата до сите генерации, нагласувајќи дека книгата е најдобриот антистрес, најдобриот подарок и најдобриот другар.
![](https://www.bitola.gov.mk/wp-content/uploads/2017/07/biblioteka-4-783x516.jpg)