Во Храмот Света Петка, мешаниот хор при КУД Стив Наумов, изведе концерт на духовна музика. Во рамките на концертната програма, присутните имаа можност да ги проследат изведбите на: Јелици во Христа, Тебе поем и Херувимска – Стеван Мокрањац, Богородице Дево – Радујсја – Рахмањинов, Отца и сина, Свјат Свјат, Достојно ест од Атанас Бадев, Величание Кирилу и Методију Тодор Скаловски, Многоја лета од Д.С Бротњански и други дела, изведени под диригентска палка на диригентот Љубомир Трифуновски.
