На Широк Сокак, настанот „Модна ревија и шоу перформанс“, предизвика голем интерес кај многубројната публика. Перформансот со авторска музика на Стефанија Милевска и гости музичари, насловен „Fly project 3“, внесе посебна енергија на завршниот перформанс на летната школа на Анастасија Центар – уметнички, моден, музички и танцов центар за сите возрасти. Токму и вчеравечер, публика од сите возрасти играше, танцуваше, пееше и уживаше во прекрасната глетка на Широк Сокак.
![](https://www.bitola.gov.mk/wp-content/uploads/2017/08/anastasija-8-783x437.jpg)