БИТ ФЕСТ: МУЗИЧКО – ПОЕТСКА ВЕЧЕР

БИТ ФЕСТ: МУЗИЧКО – ПОЕТСКА ВЕЧЕР

Во КЦ Магаза се одржа Музичко-поетска вечер, на која настапија Мирјана Стојановска – поетеса и Мери Кафкалева – професор по клавир. Присутните имаа можност да проследат интерпретација на стихови од книгите поезија: „Бегалци од својот дом“, „Џез во двокреветна соба“ и „Крст“, „Триаголник и круг“ од Мирјана Стојановска. Музичкиот рецитал низ пиjаниното на професорката по клавир Мери Кафкалева, претстави дела од Моцарт, Бах, Бетовен, Шопен и Рахмањинов.