Одлична актерска игра, поигрување со времињата и стиловите, сценографијата и сценските ефекти, доловени преку борба на сенки, се само дел од критиките за прекрасниот театарски спектакл, прикажан на сцената на Народниот театар во Битола, преку гостувањето на Драмскиот и куклен театар „Иван Радоев“ од Плевен, Бугарија. Гостите од Бугарија преку претставата „Симбелин“ во режија на Лили Абаџиева, прикажаа едно модерно видување на творештвото на Шекспир.
![](https://www.bitola.gov.mk/wp-content/uploads/2017/06/BF17_sekspir_3_5-783x715.jpg)