Со традиционалната манифестација „Широк сокак во бело“, официјално беше означен крајот на единаесетото издание на Битолското културно лето „БИТ ФЕСТ 2017“. Многу гости, добра забава и незаборавно доживување. Оваа година за забавата да биде на највисоко ниво се погрижи светски познатата супер стар Дј и вокал SONIQUE. Пред Соник атмосферата ја загреваа ДЈ Рикардо, ДЈ Андреј Ѓошев, Љубиша Милошевски. Специјални гости на настанот беа Робин Мастер и Микел Оутзен од Данска.
