БИТ ФЕСТ: „ХАРМОНИКИТЕ“ – ФЕСТИВАЛ

БИТ ФЕСТ: „ХАРМОНИКИТЕ“ – ФЕСТИВАЛ

Во Културниот центар Магаза во Битола, во рамките на Битолското културно лето „БИТ ФЕСТ“, а во организација на „Непокор“ и „Савевски продукција“, започна дводневниот фестивал „Хармониките“. Фестивалот на виртуозите на хармониката годинава го одбележува својот петгодишен јубилеј. По тој повод овогодинешното издание се реализира во две фестивалски вечери. На фестивалот настапуваат: Милан Кацарски, Кирил Стојчевски, Мишел Трајковски, Иван Анастасов. Фестивалот и оваа година предизвика голем интерес кај вљубениците во хармониката.