БИТ ФЕСТ: ШЕСТА ИЗЛОЖБА НА ОЛДТАЈМЕРИ

БИТ ФЕСТ: ШЕСТА ИЗЛОЖБА НА ОЛДТАЈМЕРИ

Во рамките на БИТ ФЕСТ, во Градскиот парк во Битола се одржа „Традиционална меѓународна изложба на олдтајмери по шести пат“. Организатор на настанот е здружението олдтајмер клуб „Ретрофрикс“. На изложбата беа претставени 23 уникатни автомобили, постари од 30 години, а покрај битолчани и гости од другите градови низ Македонија, на изложбата учествуваа и гости од Швајцарија и Бугарија. Најдобрите автомобили беа наградени.