БИТ ФЕСТ 2015 – театар и конзулска традиција

БИТ ФЕСТ 2015 – театар и конзулска традиција

БИТ ФЕСТ 2015 викендов помина во знакот на конзулската традиција, а одличната понуда на Локум фест, ја наполни и оживеа старата битолска чаршија, со публика, која има чуство за вистинските културни вредности кои Битола ја квалификуваат во најградски град.
Локум фест по деветти пат се одржа во рамките на БИТ ФЕСТ, што е потврда на поддршката на независни фестивалски концепти во рамките на големата фестивалска сцена.
Синоќа, на третиот интернационален „Битола Шекспир фестивал“ на новата сцена во НТБ беше одиграна претставата „Хамлет“, која го зазема централното место во репертоарот на Лит Мун, тетарската компанија од Санта Барбара, Калифорнија и која навистина ја воодушеви битолската театарска публика. Инаку, основан во 1991 година, Лит Мун театарот претставува колектив на театарски уметници кои творат во Санта Барбара, седиштето на овој тетатар. Тој е независен и претставува своевидна лабораторија во која се интегрираат естетските експерименти со мултикултурната интеракција и разбирање. Неговата мисија е да понуди театарско искуство кое ќе го продлабочи и прошири сфаќањето за светскиот театар и културните традиции, па ќе го промовира и инспирира меѓукултурното разбирање преку театарските изведби во живо. Лит Мун ја негува физичката изведба и онаа базирана на слики, па локално и глобално важи за пионер на еден уникатен театарски стил. Од 1992 г. Лит Мун има создадено 29 нови театарски проекти, продуцирано 12 интернационални театарски фестивали, добиено многу актерски награди, развиено многу соработки со уметници од 7 европски држави, како и  настапувано во Полска, Бугарија, Чешка, Шкотска, Канада, Македонија, Црна Гора, Албанија и Кина.
Вечерва пак публиката ќе има можност да ја погледне претставата на Турскиот театар „Сон на летната ноќ“. „Прашањето што денеска значи љубовта, сонот, илузијата, идеологијата не засега сите, а сонот е составен токму од овие елементи. Сонот во некој смисол е и радикален, бидејќи ние го напуштивме сонувањето, кое е дури и демоде. Денес соништата не можеме да ги најдеме на пазарот. Светот на фантазијата, митовите, потсвеста – за мене светот на убавината – е обвиткан со завеса, зад која ретко погледнуваме.   Во оваа претстава не сакавме до крај да ги одвоиме стварноста и сонот; во целина претставата можеби е сон на еден стар човек, можеби на Пук, а можеби и на актерот кој го играл Пук. Јас оваа претстава ја гледам како една сфера, во која има уште една сфера и уште една… Сон во сонот сон… Овој сон продолжува се  до крајот на монологот на Пук, кој го “позајмивме” од Просперо, бидејќи Просперо истовремено е и Пук, како што Сон на летната ноќ и Бура на места е истиот текст…“ – вели режисерот Александар Поповски.

BF2015TeatarTradicija_1

Lit Moon Theatre Co. - "Hamlet" v. 3 3/26/14 Center Stage Theater

Lit Moon Theatre Co. – “Hamlet” v. 3 3/26/14 Center Stage Theater

BF2015TeatarTradicija_3 BF2015TeatarTradicija_4