Вечер на традиционална музика и игра – Ракометно игралиште

Вечер на традиционална музика и игра – Ракометно игралиште

Втора интернационална вечер на фестивалот ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ
Втората интернационална вечер на 45-от Републички фестивал ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ, започна со семинар за традиционална музика и игра во студенскиот дом Кочо Рацин каде беше претставена традиционлна музика и игра со стручна едукација и надоградба на кадрите во групите и ансамблите за традиционална музика и игра.
Следен настан во програмата на втората интернационална вечер беше „На пладне во чаршија“  каде беа прикажани  содржини со фолклорни презентации.
Втората интернационална вечер се заокружи со „Вечер на традиционална музика и игра“ на Ракометното игралиште во Битола.
На манифестацијата се претставија следните фолклорни ансамбли: КУД „ Бисер“ Кичево,  КУД „ Весели пензионер„ Пробиштип, КУД „ Илинден“ Демир Хисар, Играорна група „Ѓура Мара“ с. Миравци, КУД „ Дримкол“ Вевчани, ФА „Цветови“ с. Дедино, КУД  „ 7-ми Септември“ Македонски брод, Ансамбал „Баладеле делтеи“ Дорулетул“ Тулчеа, Романија, ФА „Цветови“ с. Дедино, Ансамб „ Курупие Зиелоне Биалисток, Полска, КУД „ Мирче Ацев“Прилеп,  АФ „Гоце Делчев“ Битола и ГКУД  „Севадх“ Врање, Србија
Фестивалот Илинденски денови е во покровителство на Собрание на Република Македонија,  Министерство за култура и Општина Битола во програма на БИТ ФЕСТ 2015.

BF2015_Ilindenski_02_1 BF2015_Ilindenski_02_2 BF2015_Ilindenski_02_3 BF2015_Ilindenski_02_4 BF2015_Ilindenski_02_5 BF2015_Ilindenski_02_6 BF2015_Ilindenski_02_7 BF2015_Ilindenski_02_8 BF2015_Ilindenski_02_9