ВИСОКА ДЕЛЕГАЦИЈА НА БУГАРСКОТО МНР ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА БИТОЛА

ВИСОКА ДЕЛЕГАЦИЈА НА БУГАРСКОТО МНР ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА БИТОЛА

Главниот секретар на МНР на Република Бугарија Калин Анастасов, директорот на дирекцијата на МНР Стамен Генев, во придружба на генералниот конзул на оваа земја во Битола Димитар Иванов, денес остварија работна посета на Општина Битола во кабинетот на градоначалничката Наташа Петровска.

На средбата, Петровска ги запозна претставниците на бугарското МНР со тековните активности на општината, како и со надлежностите на локалната и централната власт.

Битола отсекогаш била интересен град во сите сфери на живеењето, особено од областа на образованието, мултикултурализмот и опкруженоста со природните убавини, истакнаа претставниците на високата делегација од бугарското МНР.  Тие ја потврдија досегашната позитивна пракса на делување на двете земји, особено со Битола како град во кој е сместен Генералниот конзулат на Република Бугарија, преку кој се остварувала, но и ќе се остварува соработката во иднина на сите полиња.