Во концертната сала на Завод и Музеј-Битола, по втор пат се одржа концерт во чест на професор Панде Татарчев.
По успешниот лански концерт, на барање на публиката во рамките на јубилејното битолско културно лето БИТ ФЕСТ 2015, со многу музика и поезија беше овековечен вториот концерт во негова чест, коишто го приредија неговите ученици, се со цел да не се заборави ликот и делото на големиот професор.
За време на концертот беа изведени дела од најзнчајниот кларинетски опус.
Настапија: м-р Стојо Мисерлиовски–кларинет, Игор Бакревски-кларинет, Марјан Бакревски-кларинет и м-р Билјана Димовска-клавир.