ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ПЕТРОВСКА И ЗДРУЖЕНИЈАТА НА ГРАЃАНИ СО ЗАЕДНИЧКА ПОДГОТОВКА НА ПРОГРАМАТА ЗА СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА

ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ПЕТРОВСКА И ЗДРУЖЕНИЈАТА НА ГРАЃАНИ СО ЗАЕДНИЧКА ПОДГОТОВКА НА ПРОГРАМАТА ЗА СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА

Поаѓајќи од неопходноста за меѓусебна соработка за заеднички успех, градоначалничката на Општина Битола, во соработка со одделението за јавни дејности, денеска организираше on – line состанок со здруженијата на граѓани кои работат во делот на социјалната заштита.

Целта на настанот беше, здруженијата детално да се запознаат со прелог програмата за социјална заштита за 2021 година која се изработи согласно четиригодишниот план за социјална  заштита, кој пред една недела беше усвоен од страна на Советот на Општина Битола.

И покрај тоа што повеќето здруженија активно беа вклучени во изработката на Социјалниот план и програмата за социјална заштита на Општина Битола, идејата е на овој начин, уште еднаш сите заедно да ги разгледаат можностите за дополнување, така што програмата ќе биде отворена за предлози до нејзиното усвојување во декември од страна на Советот на Општина Битола.

Градоначалничката Петровска, ја потенцираше заедничката заложба во подготовката на вакви значајни документи и потребата за заеднича реализација на активностите, како со финасиска поддршка, така и со логистичка поддршка за нивна реализација од страна на општината.

Здруженијата, дадоа висока, позитивна оцена на ваквиот начин на комуникација на општината, посебно ставајќи акцент и високо вреднувајќи ја вложеноста и отвореноста на општината, да ги слушни нивните потреби и согласно тоа да ги креира идните политики на дејствување.