ДЕЛЕГАЦИЈА ОД „ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ“ ВО ГРАДОНАЧАЛНИЧКИОТ КАБИНЕТ

ДЕЛЕГАЦИЈА ОД „ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ“ ВО ГРАДОНАЧАЛНИЧКИОТ КАБИНЕТ

Во посета на кабинетот на градоначалничката Наташа Петровска беа претставниците на интернационалните фолклорни групи, учеснички на годинешното издание на фестивалот „Илинденски денови“. Со исклучок на претставниците на Индија, кои веќе ја напуштија Битола, на средбата со градоначалничката Петровска, покрај директорката Маја Андоновска Илијевски и дел од организациониот тим на фестивалот, присуствуваа претставници од Белгија, Мексико, Русија, Италија и Израел.

На средбата градоначалничката им се заблагодари затоа што во изминатите денови ја разубавија Битола со прекрасната шареноликост од бои и звуци, кои можеа да се видат, слушнат и почувствуваат на повеќе локации во градот.

Гостите и градоначалничката разменија скромни подароци, во знак на сеќавање на средбата и во знак на продолжување на взаемната соработка.

Фестивалот „Илинденски денови“ од 2017 година е еден од вкупно 100 најреномирани фолклорни фестивали ширум светот, исплонувајќи ги строгите критериуми на CIOFF, светска организација која е официјален партнер на УНЕСКО.