ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ КАКО ДЕЛ ОД ОДРЖЛИВОТО БУЏЕТИРАЊЕ НА ЛОКАЛНО НИВО

ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ КАКО ДЕЛ ОД ОДРЖЛИВОТО БУЏЕТИРАЊЕ НА ЛОКАЛНО НИВО

Примена на обновлите извори на енергија, размена на искуства, идеи и соработка беа дел од темите на првата сесија од проектот „Одржливо буџетирање на локално ниво“, наменет за градоначалниците на општините, на која учествуваше градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска.

На сесијата, која се одржа по електронски пат во организација на фондацијата „Фридрих Еберт“, свое обраќање имаше директорката на фондацијата Ева Елерајт, додека  презентации од оваа област одржаа Тања Томиќ – координатор на на проектот за подобрување на општинските услуги и професорот Драган Миновски. Презентациите, на јасен начин овоможија конкретен преглед на одредени заштеди и идни можности, доколку се користат бенефитите од проектите за енергетска ефикасност.

По презентациите, градоначалниците имаа можност да поставуваат прашања, да разменуваат сопствени искуства од досегашните реализирани проекти од областа на поставување на фотоволтаици и други проекти од областа на енергетската ефикасност и да се консултираат за натамошни чекори, кои ќе дадат резултати за одржливо буџетирање на општините.

Проектот во нареднот период ќе опфати и други теми, важни за локалните самоуправи во земјава.