ЗАПОЧНАА ГРАДЕЖНИТЕ АКТИВНОСТИ ЗА УРЕДУВАЊЕ НА ПАРКИНГ ПРОСТОРОТ ПРЕД СТОКОВНАТА КУЌА „ЈАВОР“

ЗАПОЧНАА ГРАДЕЖНИТЕ АКТИВНОСТИ ЗА УРЕДУВАЊЕ НА ПАРКИНГ ПРОСТОРОТ ПРЕД СТОКОВНАТА КУЌА „ЈАВОР“

Јавното претпријатие за изградба и одржување на јавен простор за паркирање и уредување и организирање на јавен локален превоз на патници во Oпштина Битола, од денес започна со градежни активности на затворениот паркинг простор пред Стоковната куќа „Јавор“.

„Уште на самиот почеток со работа на јавното претпријатие истакнавме дека една од приоритетните цели ќе биде уредување на затворените паркиралишта со кои управува ова јавно претпријатие. За таа цел на паркинг просторот кај Стоковната куќа Јавор целосно ќе се изгреби површината и ќе биде вградена нова асфалтна маса. Паркинг просторот ке биде хоризонтално обележан согласно постоечкиот сообраќаен проект. Во наредниот период ќе се изврши осветлување на паркинг просторот“, изјави директорот на ЈППЈЛП Битола, Зоран Дојчиновски, апелирајќи до граѓаните за трепеливост за време на изведување на градежните активности, со цел навремено завршување на предвидените активности.

Јавното претпријатие за изградба и одржување на јавен простор за паркирање и уредување и организирање на јавен локален превоз на патници во Oпштина Битола и Општина Битола, продолжуваат посветено да работат на уредување на паркинг просторот во Битола.