На барање на градоначалничката Наташа Петровска, екипите на ЈП „Комуналец“, со поддршка на останатите јавни претпријатија, вршеа дезинфекција на станбени единици. Во денешната акција беа опфатени населбите Карпош, Кланица, Стрелиште и Стара болница. По изготвен акциски план, со таа активност се продолжува и натаму, како една од превентивните мерки. Но најсуштинската порака до сите е #СедиДома.
![](https://www.bitola.gov.mk/wp-content/uploads/2020/03/90429863_2480770288855140_3986518477266485248_o-783x587.jpg)