Во црковниот храм „Пресвета Богородица“ – Битола, во рамките на најдолгото културно лето БИТ ФЕСТ, со свој настап пред битолската публика се претставија хоровите Св. Нектариј битолски и Св. Макарина, а гости беа хорот Херувими од Ресен и Ламбе Алабаковски.
Чест да го отвори концертот имаше машкиот хор „Св. Ахил Преспанкси“ од Ресен којшто негува исклучиво византиско-црковно пеење, а пред публиката беа испеани композии како: Херувимска песна, Свјатиј Боже и Терирем под диригентската палка на Константин Сековски.
Вториот дел од концертот го пополни женскиот хор „Св.Макарина“ од Битола со диригент Мери Чекуткова. Женскиот хор негува напеви од византиска традиција, а нивните настапи исклучиво се состојат од неделни и празнични литургии при храмот на Пресвета Богородица.
Трети настапија „Св. Нектариј Битолски“ –машкиот хор од Битола, и беа изведени композициите: Тропар на Св. Нектариј, Богородичен кондак, Кресту Твоему, Теририем, Господи помилуј и Достојно ест, под диригенство на м-р Игор Гулевски.
Гостин на концертот беше естрадниот уметник Ламбе Алабаковски.