КОНЦЕРТ НА ЛАМБЕ И ДИМИТАР ВО РАМКИТЕ НА БИТ ФЕСТ 2015

КОНЦЕРТ НА ЛАМБЕ И ДИМИТАР ВО РАМКИТЕ НА БИТ ФЕСТ 2015

Во рамките на најдолгото и најсодржајното битолско културно лето, чест да се претстават пред битолската публика имаат најдобрите музички ѕвезди Ламбе Алабаковски и Димитар Андоновски.
„Концертот насловен „Ламбе и Димитар“ ќе се одржи на 16.07.2015 во 21:00.ч- пацио во Завод и Музеј, кадешто ќе бидат испеани најдобрите музички хитови од нашите албуми, а ќе бидат пратени од бенд во живо“  – истакна  Димитар Андоновски.
Концертот има хуманитарен карактер и собраните средства ќе бидат донирани за битолчанецот Пеце Роговски.
„Нашата цел е да ја негуваме и чуваме македонската музика, да се промовира колку што може повеќе, а исто така сакам и да се забалгодариме до јавните претпријатија во Општина Битола што ни излегоа  во пресрет со финансиска подршка“ – се изјасни Ламбе Алабаковски.
Голем дел од картите ќе бидат финансиски помогнати од РЕК- Битола, ЈП Комуналец, ЈП Пазари, ЈП Нискоградба, ЈП Водовод, ФОД, и Би Милк.
„Гледајќи го нивниот ентузијазам, желба и волја, кога музиката е главна животна опсесија, знам што за нив значи таа работа, а  посебно кога се сака да се помогне на свој другар на свој сограѓанин. Како и секогаш, така и овој пат Општина Битола повторно излегува во пресрет и дава неизмерна поддршка кога станува збор за македонската историја, култура и музика, се со цел да изградиме квалитетни личности коишто ќе ја држат културата на високо ниво“- истакна д-р. Владимир Талески, градоначалник на Општина Битола.

Картите можат да се купат по цена од 150 денари.

BF2015KoncertLambeNajava_1 BF2015KoncertLambeNajava_2 BF2015KoncertLambeNajava_3