Силви Бенд повторно приреди вистинско доживување за љубителите на убавата македонската музика на 11.07.2015 во дворот на Магазата во рамките на најдолгото културно лето – БИТ ФЕСТ.
Едночасовното уживање кое го приреди бендот, за публиката претставуваше прекрасно уживање во потсетувањето на старите најдобри хитови, а исто така публиката имаше чест да ги слушне и новите песни на бендот, коишто претставуваат вистински бум перформанс на забавната музичка сцена.
Силви Бенд, и ова десетто по ред битолско културно лето, на битолската публика им покажа дека се нивен верен пријател кога станува збор за убавата музика.
