Кореодрама Себастијан и Амелиа
Пред битолската публика во Офицерски дом- Битола, премиерно беше изведена кореодрамата „Себастијан и Амелиа“ во кореографија на Валентино Апостоловски.
Кореодрамата „Себастијан и Амелиа“ е базирана на две големи музички современи теми, првата е големиот евергрин „Себастијан“, а вториот дел е филмската музика од култниот филм „Амелиа“ од Јан Тирсен. Себастијан е танчер на 19 години кој е мобилизиран во силите на антантата за време на првата Светска Војна и заминува во војна на фронтовата линија на Кајмакчалан близу Битола кадешто и загинува. Амелиа е негова девојка студент по глума и оперско пеење – вљубена во Себастијан.
Амелиа, не ја дочекува нејзиниот љубен да се врати од војна, и понесена од тага кон љубениот тргнува за Македонија….
Кореодрамата беше изведена во рамките на десеттиот по ред БИТ ФЕСТ 2015.