МИНИСТЕРОТ МАНЧЕВСКИ ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА БИТОЛА

МИНИСТЕРОТ МАНЧЕВСКИ ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА БИТОЛА

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, оствари работна посета на Општина Битола. Со градоначалничката Наташа Петровска разговараа за законските регулативи кои се дел од Законот за административните службеници, како и можните измени, со цел да се добие поквалитетна услуга во општинската администрација. Реформите во јавната администрација се дел од петгодишната стратегија, која ова министерство за зацрта за периодот 2018-2022 година.