Градоначалничката на општина Битола, м-р Наташа Петровска, денес ги посети и децата од Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух, говор и глас, како и децата од Дневниот центар за деца со посебни потреби.
Посакувајќи им најубави желби, градоначалничката им ги честита Новогодишните и Божиќните празници, а Дедо Мраз со своите подароци се обиде да внесе радост и среќа кај секое дете.
![](https://www.bitola.gov.mk/wp-content/uploads/2017/12/Depandans_1217_1-783x521.jpg)