НЕКА НИ Е ЧЕСТИТ ГОЛЕМИОТ ПРАЗНИК ИЛИНДЕН

НЕКА НИ Е ЧЕСТИТ ГОЛЕМИОТ ПРАЗНИК ИЛИНДЕН

Денес градоначалникот на општина Битола д-р. Владимир Талески положи свежо цвеќе на споменикот пред Центарот за култура и споменикот на Илинденците – Храм Св.Недела по повод  најголемиот македонски празник Илинден.
„Илинден опоменува, Илинден се сеќава, Илинден во ритамот на македонската главна идеја за единствена Македонија, порачува овде од Битола, а за кратко време и од Трново, дека единството е единственото нешто што може да ја постигне целта на сите Македонци каде и да се. Го честитам уште еднаш празникот имајќи ги во предвид сите светли имиња, сите револуционери, сите херои, целата излеана крв на оваа почва за слободата, сувереноста, самостојноста на Република Македонија.“ изјави градоначалникот Талески.
Подоцна во Трново се оддржа 44. Светска македонска иселеничка средба и 35. Погранична средба на Македонците од Егејскиот дел на Македонија. Оваа погранична средба ја благослови митрополитот Европски Пимен, а Семакедонската средба ја поздравија градоначалникот на општина Битола д-р. Владимир Талески, вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски и организаторите – Матица на иселениците од Македонија, Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија-Битола и Сојузот на Македонците од Егејот-МАКЕДОН.

Ilinden2015_1 Ilinden2015_2 Ilinden2015_3 Ilinden2015_4