„НИСКОГРАДБА“ ПОСТАВИ СТОЛБОВИ ПРЕД ОУ „ДАМЕ ГРУЕВ“

„НИСКОГРАДБА“ ПОСТАВИ СТОЛБОВИ ПРЕД ОУ „ДАМЕ ГРУЕВ“

Во рамките на договорот за поставување на сообраќајни знаци и столбови на дел од битолските сообраќајници, склучен помеѓу Општина Битола и КЈП „Нискоградба“, денес екипи од ова јавни претпријатие на терен работеа пред училиштето „Даме Груев“.

Со цел да им се обезбеди поголема сигурност на децата при доаѓањето и влезот во училиштето и потребата да го користат тротоарот, денес се поставуваа столбови пред училиштето, чиј тротоар најчесто беше узурпиран од возила, па децата, наместо по безбеден тротоар, мораа до влезот на училиштето да одат по прометна улица.

Исто така, екипи на КЈП „Нискоградба“ денес работеа на санирање на ударните дупки на улицата „Борис Буџевски“ и тампонирање на патот до манастирот во селото Габалавци.