Како дел од активностите по повод Свети Нектариј Битолски, вчеравечер во фоајето на народниот театар во Битола, беше отворена изложбата „Битолските еснафи“.Изложбата ја отвори градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска. На неколку штандови во организација на Регионалната занаетчиска комора, беа презентирани повеќе различни производи – изработени од страна на битолски занаетчии, а присутните имаа можност да погледнат и документарен филм во кој беа прикажани повеќе приказни раскажани од самите занаетчии, кои комплетно го прикажуваат процесот на добивање на одреден производ.
![](https://www.bitola.gov.mk/wp-content/uploads/2017/12/Izlozba_regionalna-zanaetciska_komora_11-783x520.jpg)