ПЕЛАГОНИСКИОТ РЕГИОН СО ЗНАЧАЈНО ПОДОБРЕНА ПАТНА ИНФРАСТРУКТУРА

ПЕЛАГОНИСКИОТ РЕГИОН СО ЗНАЧАЈНО ПОДОБРЕНА ПАТНА ИНФРАСТРУКТУРА

Премиерот Зоран Заев, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, како и градоначалниците на општините Битола и Демир Хисар Наташа Петровска и Маријанче Стојановски,  извршија увид на градежните работи на регионалниот пат Битола – Демир Хисар,

„Овој патен правец во должина од 10 км за граѓаните значи квалитетен и безбеден пат кој ќе ги поврзува двата града и значително ќе придонесува за локалниот економски развој“, истакна премиерот Заев.

Министерот Сугаревски најави дена наскоро ќе започне рехабилитацијата на патниот правец кон граничниот премин Меџитлија, а се работи и на проектна документација на автопатот Битола-Прилеп. Се санираат и патиштата до локалните населени места, со што во голема мерка е подобрена патната структура во Пелагонискиот регион.

Патниот правец Битола – Демир Хисар се очекува целосно да биде завршен со реконструкцијата до крајот на месец август.