Во рамките на Европската недела на мали и средни претпријатија 2017, Младинскиот културен центар од Битола во соработка со Европската бизнис асоцијација организираше конференција за европската недела на претприемништво, насловена „Поддршка на претприемништвото и малите бизниси“. На конференцијата беа презентирани позитивни искуства во областа на развојот на малите бизниси и поттикнувањето на претприемачкиот дух, но беше нагласено, дека во понатамошната работа неопходно е да се врши стимулација и охрабрување на младите луѓе, со цел нивните бизнис идеи да добијат можност за реализација и да дадат конкретни резултати во поглед на намалувањето на невработеноста. „Претприемништвото е иднина на секоја економија во развој и колку побрзо тоа го сфатат младите луѓе, толку побрзо Македонија ќе може да се развива со вистински чекори напред. Македонија е држава со најголема младинска невработеност во Европа и токму ваквите настани треба да претставуваат поттик младите луѓе да се охрабрат и да останат во сопствената држава, да отворат свој бизнис кој подоцна ќе го развиваат и ќе вработуваат нови млади луѓе, рече Сашо Додовски, директор на МКЦ-Битола на вчерашната конференција. Покрај добрата бизнис идеја, потребна е одлучност и храброст кои со истрајност, знаење и инвентивност ќе донесат успех, беше нагласено на конференцијата. „Препреките се општо познати, отежнат пристап до финансии, бирократски пречки итн, но сето тоа е надминливо и не е нерешливо доколку некој одлучи да отпочне свој бизнис. Работите одат во подобар правец но, треба да се најде начин како тоа да го поддржиме и да го засилиме, рече Димитар Ристовски, извршен директор на Ервопска бизнис асоцијација. Токму во оваа насока, градоначалничката на општина Битола, Наташа Петровска, ја нагласи понатамошната ориентираност на локалната самоуправа кон преиспитување на одредени мерки кои ќе бидат преземени во идниот период со цел понатамошен развој и создавање на позитивна бизнис клима. Една од таквите мерки е секако неопходното воспоставување соработка помеѓу образованието и бизнис секторот. Градоначалничката низ конкретни средби со претставници од образовниот систем веќе започна со разгледување на можноста за понатамошно конкретно делување во оваа насока: „Локалната самоуправа е таа која што треба генерално на бизнис секторот да му овозможи пријатна атмосфера за развој, што би претставувало мотив дека навистина постои перспектива, доколку имате волја и верба во тоа. Локалната самоуправа, како што ветивме во програмата, ќе преиспита низа аспекти, сето она што е во духот на негување на тој инстикт за будење на претприемништвото кај младите луѓе“, рече градоначалничката Наташа Петровска, на вчерашната конференција.
- УСЛУГИ
- Службени гласници
- Информации за буџет на општина Битола
- Постапка за планирање и донесување на буџет
- Граѓански Буџет
- Буџетски форуми
- Финансиски капацитет на Општина Битола
- Предлог Буџет на Општина Битола за 2025 година
- Буџет на Општина Битола за 2024
- Предлог буџет на Општина Битола за 2024 година
- Буџет на Општина Битола за 2023 година
- Предлог буџет на Општина Битола за 2023 година
- Буџет на Општина Битола за 2022 година
- Предлог буџет на Општина Битола за 2022 година
- Буџет на Општина Битола за 2021 година
- Предлог буџет на Општина Битола за 2021 година
- Буџет на Општина Битола за 2020 година
- Предлог буџет на Општина Битола за 2020 година
- Буџет и ребаланси 2020
- Буџет и ребаланси 2019
- Буџет и ребаланси 2018
- Буџет и ребаланси 2017
- Буџет и ребаланси 2016
- Буџет и ребаланси 2015
- Буџет и ребаланси 2014
- Буџет и ребаланси 2013
- Буџет и ребаланси 2012
- Буџет и ребаланси 2011
- Буџет и ребаланси 2010
- Буџет и ребаланси 2009
- Буџет и ребаланси 2008
- Буџет и ребаланси 2007
- Буџет и ребаланси 2006
- Буџет за 2005 година
- Буџет за 2004 година
- Буџет за 2003 година
- Буџет за 2002 година
- Буџет за 2001 година
- Квартални извештаи
- Завршни сметки
- Завршни сметки на основни училишта
- Завршни сметки на средни училишта
- План за јавни набавки
- Пристап до информации од јавен карактер
- Огласи за постапка за јавна набавка
- Oфицери за заштита на лични податоци
- Службеник за млади
- Годишен план за спречување на корупција
- Заштитено внатрешно пријавување
- Постапка за заштита од вознемирување на работно место кај работодавачот
- Процедура за внатрешна комуникација
- Барања за еднократна финансиска помош
- Граѓанско учество и граѓански организации
- Ревизорски извештаи
- Извештаи од извршен инпекциски надзор