ПОКАНА ЗА УЧЕСТВО НА ТЕНДЕР ЗА ПОСТАПКА ЗА ЈАВНА НАБАВКА НА УСЛУГИ

ПОКАНА ЗА УЧЕСТВО НА ТЕНДЕР ЗА ПОСТАПКА ЗА ЈАВНА НАБАВКА НА УСЛУГИ

Во врска со имплементација на проектот со акроним “Бенефит” финансиран од  првиот повик од Програмата за прекугранична соработка со Грција 2014-2020 (Interreg IPA Programme Greece-Former Yugoslav Republic of Macedonia 2014-2020) и согласно Договорот за партнерство и Договор за субвенционирање со референтен број BENEFIT-CN1-SO 2.1-SC 007 од 20.10.2018 г. како и согласно Одлука за јавна набавка на услуги со бр.08-522/2 од  05.07.2019г. која се однесува за набавка на услуги за:

– Развивање и менаџирање на платформа за енергетска ефикасност (на македонски и англиски јазик) и собирање на податоци

– Имплементација на платформа за промена на навиките,

– Превод и ажурирање на веб страна,

Општина Битола Ве поканува да земете учество на тендерот. Потребните документи ќе ги најдете на општинската веб страна, на следниот линк:

http://www.bitola.gov.mk/invitation-to-tender-benefit-cn1-so-2-1-sc-007-08-522-3/

Набавката од оваа Одлука треба да се спроведе врз основа на ПРАГ правилата за јавни набавки на Европската Унија.