Финансиската конструкција на ова игралиште е околу 3 милиони денари и истото беше дел од програмата на општината Битола, како приоритет на населението во с.Крклино. Во изминатиот период во ова село Владата на РМ заедно со општина Битола изградија училиште, како и една делница од локалниот пат Крклино – Долно Оризари. Исто така, во изминатиот период се изгради и детско игралиште во непосредна близина на игралишето. Општина Битола во наредниот период и понатаму, согласно своите програми ќе ги реализира барањата на жителите на с.Крклино.
![](https://www.bitola.gov.mk/wp-content/uploads/2017/08/Krklino_igraliste_fudbal_817_4-783x521.jpg)