ПОТПИШАН ДОГОВОР ЗА СОРАБОТКА НА ОПШТИНАТА И УКЛО

ПОТПИШАН ДОГОВОР ЗА СОРАБОТКА НА ОПШТИНАТА И УКЛО

Универзитетот „Свети Климент Охридски“ и Општина Битола, денес потпишаа Договор за соработка. Документот го потпишаа ректорот Сашо Коруновски и градоначалничката м-р Наташа Петровска и истиот ќе биде во функција на продлабочување на соработката меѓу двете институции во повеќе области.„Се гордеам што сум градоначалник на град во кој се наоѓа Универзитетот „Св.Климент Охридски“.  Со Меморандумот отвораме перспективи и за општината, но и за сите нејзини граѓани, особено за младата популација. Но, не само за битолчани кои студираат тука, знаеме дека овој Универзитет во својот опфат всушност има и граѓани од ширум државата. Овој Меморандум, значи всушност, дека треба да овозоможи младите луѓе да добијат реални можности, да се внесат во општеството уште во рамките на своето студирање. Кога го кажувам тоа, мислам на институциите, односно и практично да согледаат како тие функционираат, рече градоначалничката на Битола м-р Наташа Петровска. Потпишувањето на Договорот за соработка е дел од манифестациите и настаните, организирани од страна на Универзитетот „Свети Климент Охридски“, со кои се одбележува Патрониот ден на УКЛО – 8 Декември.