Градоначалничката на општина Битола, м-р Наташа Петровска оствари работна средба со претставници од Меѓународниот Славјански Универзитет „Г.Р. Державин“. На средбата со претставниците од универзитетот, раководителите Игор Михајловски и Јагода Митревска и професорката Марија Гроздановска, градоначалничката Петровска, разговараше за повеќе важни сегменти на понатамошното работење и активностите кои ќе бидат преземени во тој контекст, а во функција на продлабочување на соработката помеѓу општината и Славјанскиот универзитетот во Битола.
![](https://www.bitola.gov.mk/wp-content/uploads/2017/11/DSC09542-783x520.jpg)