ПРОМОВИРАН ПРОЕКТОТ ЗА ОПШТИНСКО КОРИСНА РАБОТА

ПРОМОВИРАН ПРОЕКТОТ ЗА ОПШТИНСКО КОРИСНА РАБОТА

Во Домот за стари лица „Сју Рајдер“-Битола, беше промовиран проектот „Општинско – корисна работа“, каде градоначалникот на Општина Битола д-р. Владимир Талески им ги врачи договорите за работа на ангажираните лица. Проектот е во соработка со Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за вработување на Р. Македонија, УНДП,  а се однесува на помош, грижа и здравствена заштита на старите лица и образовна медијација на децата Роми од одделенска настава.

„ Се работи за помош и грижа на старите лица и едукација и медијација во образованието. Од ангажираните кои се вкупно 13 лица, девет од нив ќе работат во старскиот дом, а останатите четири лица во основното училиште „Ѓорѓи Сугарев“,на половина работно  време. Овој проект ќе трае шест месеци, а вкупната вредност е нешто помолку од половина милион денари. Овие лице ќе бидат од голема помош бидејќи се работи за посебна категорија на луѓе“ истакна градоначалникот Талески.

Директорката на Домот за стари лица Марица Тодоровска, го поздрави проектот и истакна дека бенефитиот  од истиот е многу голем, а најповеќе за корисниците во Домот. Истотака посака да продолжат ваквите проекти кои се од интерес на корисниците во старскиот дом  „Сју Рајдер“.

Во делот од проектот за образовна медијација, целта е да се направи база на податоци.„Лицата кои се ангажирани во ОУ„Ѓорѓи Сугарев“ во првата фаза од проектот ќе работат на терен, односно со посета на домовите на децата Роми, со што ќе им се укаже на нивните родители дека секое дете треба да биде вклучено во образовниот процес“ изјави координаторот на проектот Сашо Илијовски.

opstinsko_korisnarabota_07_15_1 opstinsko_korisnarabota_07_15_2 opstinsko_korisnarabota_07_15_3 opstinsko_korisnarabota_07_15_4