РАБОТЕН СОСТАНОК НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЊАНОВСКИ СО ПРЕТСЕДАТЕЛИТЕ НА МЕСНИТЕ И УРБАНИТЕ ЗАЕДНИЦИ

РАБОТЕН СОСТАНОК НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЊАНОВСКИ СО ПРЕТСЕДАТЕЛИТЕ НА МЕСНИТЕ И УРБАНИТЕ ЗАЕДНИЦИ

Градоначалникот Тони Коњановски, денес одржа работен состанок со претседателите на урбаните и месните заедници од општина Битола.

На состанокот кој се одржа во Салата на Советот на општината, градоначалникот информираше за проектите на чија реализација во моментот се работи, како и за проектите за кои се подготвува проектна документација и треба да се реализираат идната година. Претседателите, ги претставија и проблемите со кои се соочуваат урбаните и месните заедници кои ги водат, како и нивните приоритети.

Градоначалникот Коњановски, нагласи дека, локалната самоуправа е отворена за соработка и во понатамошниот период сите прашања, ќе бидат решавани во постојана заедничка комуникација и координација.