Градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска, денес оствари работна средба со Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа. На средбата се разговараше за состојбата во земјоделството со посебен акцент на Пелагонискиот регион, како и за понатамошните мерки и активности кои ќе бидат преземени во интерес на земјоделците.
![](https://www.bitola.gov.mk/wp-content/uploads/2020/11/Sredba-so-ministerot-za-zemjodelstvo_4-783x530.jpg)