РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ПРОЕКТОТ „МАТЕМАТИКА ЗА МАЛИ“ ПРЕЗЕНТИРАНИ ВО ОПШТИНА БИТОЛА

РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ПРОЕКТОТ „МАТЕМАТИКА ЗА МАЛИ“ ПРЕЗЕНТИРАНИ ВО ОПШТИНА БИТОЛА

Претставници од партнерските организации од Германија, Италија, Шпанија, како и од Здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“ и Центарот за доживотно учење кои ги реализираат активностите во нашата држава, одржаа средба со пградоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска.

Тие ги презентираа резултатите од одржаната изложба „Математика за мали“, како и големиот одзив не само на децата од предучилишна возраст и учениците до трето одделение, туку на на наставниците, професорите и студентите на Педагошкиот факултет. Проектот е поддржан од Еразмус + програмата, а резултатите покажаа дека децата не само што учеа и ги развиваа математичките и логичките вештини, туку и се забавуваа. Податоците покажуваат дека методот за учење на предметот математика преку истражување резултира како позитивен модел и децата учат многу работи поврзани со математиката, но и со секојдневниот живот исто така. Во рамките на опсервацијата беше констатирано дека математиката со размислување во почетните одделенија има позитивни ефекти во наставата по математика во првиот циклус од основното образование.

Градоначалничката Петровска ги поздрави ваквите иновативни активности на полето на математиката, особено кај популацијата која стартува во образовниот процес и кои токму во тој период од своето образование, ја креираат љубовта кон математиката. Петровска посака уште многу вакви проекти, преку кои се развива креативната мисла и љубовта на децата кон техничките науки, вклучувајќи ја и математиката.