Општинскиот кризен штаб денес одржа средба по електронски пат, на која се разговараше за актуелата состојба со Ковид-19 во општината.
![➡️](https://static.xx.fbcdn.net/images/emoji.php/v9/t25/1.5/16/27a1.png)
Директорката на Здравствениот дом Весна Спирковска информираше дека од повозрасната генерација веќе се вакцинирани над 1250 лица со вакцината Астра Зенека.
![➡️](https://static.xx.fbcdn.net/images/emoji.php/v9/t25/1.5/16/27a1.png)
Во Клиничка болница Битола, денес за прв пат по еден месец има повеќе испишани од примени пациенти, рече директорката Билјана Гагачовска, иако притисокот врз здравствените работници сеуште е голем.
![➡️](https://static.xx.fbcdn.net/images/emoji.php/v9/t25/1.5/16/27a1.png)
Во Центарот за јавно здравје има намалување на пријавените за PCR и брзи тестови,а директорката посочи дека во однос на протоколите за изолација, дадени се нови насоки согласно препораките од Институтот за јавно здравје и истите можат да се најдат на следниот линк.
![➡️](https://static.xx.fbcdn.net/images/emoji.php/v9/t25/1.5/16/27a1.png)
Битолската полиција редовно врши контроли за време на полицискиот час од 20 часот навечер до 5 часот наутро, со зголемен број на екипи, а постапува и по контролите од Државниот пазарен инспекторат. Редовно се контролираат сите лица кои се ставени во изолација.
![](https://www.bitola.gov.mk/wp-content/uploads/2020/12/BckGrb.jpg)