На плоштадот Гоце Делчев, во рамките на десеттото издание БИТ ФЕСТ, премиерно беше изведен мултимедијалниот настан „Сила на слободата“
За време на „слободниот“ перформанс, пред многу бројната публика беа претставени неколку уметнички точки со уникатни и креативни содржини. За музичкиот перформанс се погрижи Слај-проџект, своја уметничка точка имаа и артистите на модерниот балет Анастасија, поддршка дадоа и Конзулите од мото-клубот, а целиот настан беше синиман од Гнасни деца продукција. Исто така духот на креативноста дојде до израз преку авангардните фризури на фризерското студио ЛТД, а диџејот Аце-Мице го промовираше својот деби албум DANCE. Целиот настан имаше слободен и алтернативен пристап на изразување кадешто модели беа познати пеачки, спортистки, глумици и д-џејќи.