Градоначалничката на Битола, м-р Наташа Петровска, денес оствари средба со Генералниот конзул на Република Бугарија во Битола, г-дин Теодор Русинов. На средбата се разговараше за можностите за понатамошно унапредување и зајакнување на соработката помеѓу Општина Битола и Генералниот конзулат на Бугарија. Токму во оваа насока, градоначалничката Петровска планира зголемување на соработката и со другите конзуларните претставништва во Битола, особено нејзино зајакнување на економски и културен план.
![](https://www.bitola.gov.mk/wp-content/uploads/2017/11/DSC08531-783x520.jpg)