Градоначалникот Тони Коњановски, денес изврши увид во работните активности кои се дел од реконструкцијата на 11 краци во с. Долно Оризари, во должина од 2.303 метри. Извршена е реконструкција на водоводни приклучоци во висина од 2.125.970 денари. Во тек е реконструкција на канализациони приклучоци и капаци во вредност од 561.680 денари, а додека целосната реконструкција во с. Долно Оризари ќе биде завршена со коловоз со вкупна вредност од 11.088.000 денари.
