По повод роденденот на Милтон Манаки денес, градоначалникот на општина Битола д-р Владимир Талески, директорот на ИФФК „ Браќа Манаки„ Димитар Николов и кинематограферот и режисер Божидар Бота Николиќ, на гробот на Милтон Манаки положија свежо цвеќе и му оддадоа почит на првите киноматографери на Балканот браќата Манаки.
