Битолските „Џез сценаристи“ со нов состав и збогатен репертоар ја освежија македонската публика

Битолските „Џез сценаристи“ со нов состав и збогатен репертоар ја освежија македонската публика

На почетокот од својата голема турнеја, битолската група „Џез Сценарио“ за прва почетна станица ја одбраа родната Битола, кадешто своите сограѓани и верна публика ги почестија со магичен концерт којшто претставуваше вистинко уживање.
Битолскиот состав т.н „Џез Сценарио“ во изминативе неколку години успеа да го привлече вниманието на бројни љубители на квалитетна џез и поп музика, освежена со нови членови и збогатен репертоар.
„Џез Сценарио“ претставува формација на Биг бенд со минимален состав на професионални изведувачи инструменталисти. Бендот е формиран во 2012 год, а како негов лидер и композитор се истакнува Вангел Мажевки. Бендот изведува преработки на џез музика, но исто така во програма вклучува и изведби на дела коиѓто се познато во музичката поп култура.
Прекрасната концертна атмосфера се случи во дворот на АРМ – Битола во програма на јубилејниот БИТ ФЕСТ 2015.

BF2015JAZZScenario_1 BF2015JAZZScenario_2 BF2015JAZZScenario_3 BF2015JAZZScenario_4 BF2015JAZZScenario_5 BF2015JAZZScenario_6 BF2015JAZZScenario_7 BF2015JAZZScenario_8 BF2015JAZZScenario_9