Битолскиот чкембар доби лик Балканска колонија на ракотворци

Битолскиот чкембар доби лик Балканска колонија на ракотворци

Во пријатна атмосфера во дворот на битолската магаза во рамките на третата „Балканска колонија на ракотворци“, преку трибина и молив, за прв пат беше овековечен профилот на познатиот битолски чкембар.
Профилот на битолскиот бренд,  јавно со исказите на Наде Геневска Брачиќ-кустос од НУ завод и Музеј Битола, Димче Миновски-спортски новинар и  турскиот сликар од Измир, Рамазан Ајкилич, заедно со проактивната битолска публика ја направија  скицата на битолската легенда, битолскиот чкембар, по кој навивачите на Пелистер се нарекуваат чкембари.
Идејата за битолскиот чкембар е тој да постане модел од кој што ќе се произведуваат сувенири и преку тој начин ќе биде оживотворен  фудбалскиот битолски бренд.
Настанот се реализира во рамки на програмата на десеттиот БИт ФЕСТ 2015.

BF2015_KolonijaCkembar_1 BF2015_KolonijaCkembar_2 BF2015_KolonijaCkembar_3 BF2015_KolonijaCkembar_4 BF2015_KolonijaCkembar_5 BF2015_KolonijaCkembar_6 BF2015_KolonijaCkembar_7 BF2015_KolonijaCkembar_8 BF2015_KolonijaCkembar_9