Детската песна, три дена химна на Битола

Детската песна, три дена химна на Битола

Во духот на детската песна и  музика со искрена и безгрижна насмевка, испратена од најверните и најубави амбасадори од дванесет земји на светот, Битола го прославува својот шестнаесетти интернационален детски фестивал ТРА-ЛА-ЛА.
Врвни детски пејачи од Македонија, Турција, Словенија, Бугарија, Романија, Полска, Австралија, Босна и Херцеговина, Унгарија, Русија, Хрватска и Кипар ќе учестуваат  на фестивалот презентирајќи ја својата култура, разменувајќи искуства и ширејќи го духот на културната соработка давајќи му на фестивалот светска димнезија од ваков тип на манифестации.
Фестивалот се одвива во три натпреварувачки дела во Народниот театар и Центарот за култура во Битола, каде солистите ги изведуваат своите композиции во живо, врз база на музичка подлога односно матрица.
Фестивалот “ТРА-ЛА-ЛА” е дел од битолско културно лето  БИТ ФЕСТ 2015 со поддршка на Општина Битола и градоначалник  д-р Владимир Талески.

BF2015_TraLaLa_2_1 BF2015_TraLaLa_2_2 BF2015_TraLaLa_2_3 BF2015_TraLaLa_2_4 BF2015_TraLaLa_2_5 BF2015_TraLaLa_2_6 BF2015_TraLaLa_2_7 BF2015_TraLaLa_2_8 BF2015_TraLaLa_2_9