БИТ ФЕСТ:ДА НЕ ГИ ЗАБОРАВИМЕ УМЕШНОСТИТЕ НА НАШИТЕ БАБИ

БИТ ФЕСТ:ДА НЕ ГИ ЗАБОРАВИМЕ УМЕШНОСТИТЕ НА НАШИТЕ БАБИ

На иницијатива на Организација на жени од Битола, на Плоштадот Магнолија се одржа настанот „Да не ги заборавиме умешностите на нашите баби“. Ткаени, плетени, везени и многу други умешно изработени производи, кои потсетуваат на едно не многу далечно време, беа презентирани пред битолската публика. Целта на овој настан е да не се заборави традиционалниот начин на кој нашите баби некогаш изработувале најразлични креативни производи со помош на умешноста која ја поседувале.